
Бугарското обвинителство истражува организирана мрежа која тајно снимала клиентки во козметички салони во Бургас.
Со помош на ФБИ и Интерпол, властите во Бугарија се обидуваат да ги отстранат снимките на десетици жени и малолетнички, дистрибуирани на интернет за профит, додека сопствениците негираат директна одговорност.
Скандалот ескалираше вчера по повеќе пријави од жени во Бургас. Истрагата го опфаќа период од 2024 година до вчера, а утврдени се десетици жртви, вклучително и 15-годишно девојче.

Македонски



