За денеска во 10 часот е закажана седница на Собранието на Нови Сад на која треба да се расправа само за една точка – разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ, јавија српските медиуми.
Опозицијата ги повика граѓаните да дојдат пред зградата на Градското собрание во 11:52 часот и да го изразат своето незадоволство 15 минути поради трагедијата во тој град на 1 ноември, кога се урна бетонска настрешница на железничката станица и притоа загинаа 15 луѓе, а двајца се тешко повредени.
Опозициските партии во Собранието на Нови Сад пред нешто повеќе од две недели поднесоа барање за закажување вонредна седница на парламентот, со образложение дека и Ѓуриќ и неговиот претходник, актуелниот премиер на Србија, Милош Вучевиќ, имале доволно време да „чувствуваат морална одговорност и да си поднесат оставка“ поради смртта 15-те луѓе.