Skip to main content

Разбиена група шверцери на оружје од Косово во Албанија

МВР / Илустрација

Во акција на албанската полиција, против шверц на оружје и дрога од Косово во Албанија, во Тирана уапси се 10 а по две лица се трага.

Во рамки на акцијата под кодно име „Сложувалка“, запленети се 14 парчиња огнено оружје и тоа: 12 пиштоли, од кои еден со пригушувач и две автоматски пушки, 2077 семки канабис, муниција, три возила и 8 мобилни телефони.

Акцијата следела по повеќемесечна истрага од која биле добиени сознанија, за вклученост на повеќе лица во трговија со огнено оружје од Косово, со цел продажба, главно, во Тирана.

Во неколку наврати албанската гранична полиција спречи шверц на оружје и муниција на албанско – македонската и албанско – грчката граница.

Поврзани вести