
НАТО и КФОР ги отфрлија тврдењата што се шират на социјалните мрежи дека ракети кон Иран биле лансирани од базата Бондстил во Косово.Оттаму тврдат дека Алијансата не е вклучена во тековната воздушна кампања против Иран.
„Ова тврдење е лажно и ние целосно го отфрламе“, изјави претставникот на НАТО во соопштението.
Кампот Бондстил е оперативен штаб на КФОР и се наоѓа во близина на Урошевац, на југоистокот од Косово. Источната регионална команда е предводена од американската армија и е поддржана од војници од Грција, Италија, Финска, Унгарија, Полска, Словенија, Швајцарија и Турција.

Македонски

