Според првичните неофицијални резултати, Зоран Милановиќ освоил 71,02 отсто од гласовите на избирачите, додека неговиот противкандидат Драган Приморац освоил 28,98 отсто.
Овој резултат беше дочекан со громогласен аплауз во изборниот штаб на Милановиќ, додека во штабот на Приморац атмосферата е во склад со поразот што кандидатот на ХДЗ го претрпе во вториот круг од изборите.
Од штабот на Милановиќ сметаат дека овие избори го покажале и односот на граѓаните кон премиерот и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ.
Самиот Милановиќ во вчерашното интервју за порталот Телеграм изјави дека овие избори ќе бидат референдум против Пленковиќ.
Во седиштето на Приморац, во загрепскиот хотел Вестин, велат дека победиле на парламентарните и европските избори и дека победата на Милановиќ нема да влијае на позицијата на Пленковиќ во партијата.