Skip to main content

Курти не се појави на сведочењето во Специјалното обвинителство на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска не се појави во Специјалното обвинителство каде требаше да сведочи за кривичното дело, јавуваат косовските медиуми.

Курти утрово беше повикан во обвинителството да даде исказ во врска со кривичната, која не е позната на јавноста.

Портпаролот на Специјалното обвинителство, Лиридона Козмаќи, изјави дека од кабинетот на премиерот ги известиле дека Курти патува во странство и не може да дојде во Обвинителството.

Козмаќи за медиумите изјави дека Обвинителството согласно законот ќе подготви уште една покана за Курти.

Косовските медиуми јавуваат дека Курти е повикан како сведок во случајот со злоупотреба на стоковите резерви.