![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/aleksandar-knezevic-knele-knele-knezhevik.jpg)
Вчера беше уапсен Дарко Голубовски како соработник на Раде Трајковски Штекли. Дарко „штекал“ односно чувал кокаин за својот пријател од Керамидница. Голубовски е познат лик од скопската шема, секогаш на граница меѓу законот и позади него.
Тој во јавните настапи се фали дека поголем дел од животот го поминал во Белград, дружејќи се со тамошната „елита“. Журки, алкохол и пред некоја година доживеал срцев удар и морале да му пресадат ново срце.
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/darko-golubovski-knele-knele-golubovski-1024x606.jpg)
Кнеле како пто му е прекарот често истакнува дека негов идол е еден од првите криминалци во Србија Александар Кнежевиќ Кнеле кој беше убиен на 28 септември 1992 година во соба 331, а српската држава никогаш не го откри и казни убиецот. На огледалот од собата бил испишан бројот „1“
![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/aleksandar-knele-knezevic-knele.jpg)
Младиот белградски криминалец беше ликвидиран во хотелот „Хајат“ во собата 331 а Голубовски се пофали дека спиел во таа соба за да го почустува духот на вистинскиот Клеле.