
Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ во телефонски разговор со претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши изразил сочувство до семејствата и блиските на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што информираат од Кабинетот на Гаши, Јандроковиќ го пренел сочувството од Саборот и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани, изразувајќи подготвеност за помош.
Гаши изразил благодарност за поддршката, вклучително и за помошта при хоспитализацијата на повредените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ .
Претседателот на Собранието Гаши деновиве добил писма со сочувство од земјите од регионот и од Европа, вклучително и од претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, како и од бројни меѓународни организации.