Skip to main content

Истражителите се сомневаат дека Гргиќ примил мито од Гавран: Во Хрватска приведени градоначалникот на Нова Градишка и поранешен пратеник и сопственик на фирмата МИГ

Градоначалникот на хрватскиот град Нова Градишка, Винко Гргиќ, во четвртокот бил уапсен во својата луксузна вила на ридот над градот со кој управува веќе десет години, објави „Јутарњи“.

Тој се товари за дури три коруптивни кривични дела.

Гргиќ е осомничен дека во одделни случаи барал и примал мито од повеќе луѓе, од кои некои, исто така, се уапсени, а во врска со работи поврзани со Град Нова Градишка.

Меѓу уапсените е и поранешниот пратеник и сопственик на фирмата МИГ, Мато Гавран.

Истражителите се сомневаат дека Гргиќ примил мито од Гавран. Наводно станува збор за „донација“ од околу 1.000 евра, која Гавран и неговата сестра ја уплатиле на сметката на независната листа на Гргиќ за време на кампањата за локалните избори лани.

Поврзани вести