Skip to main content

Истанбул парализиран од снегот: Босфор затворен, откажани летови

 Поради обилните снежни врнежи кои трет ден ја зафаќаат Турција, бродскиот сообраќај на Босфорот денеска е затворен во двата правци, соопшти Генералната дирекција за крајбрежна безбедност при турското Министерство за транспорт и инфраструктура.

„Туркиш ерлајнс“ соопшти дека поради невремето дел од летовите од и кон аеродромот во Истанбул за утре се откажани, пренесува „Хуријет“.

Властите најавија дека в понеделник училиштата во Истанбул ќе бидат затворени поради екстремно ниските температури и очекуваните потешкотии со транспортот на учениците.

Од синоќа на полноќ, градските власти воведоа забрана за движење на моторциклисти и курирски служби во Истанбул сè до подобрување на временските услови. 

Поврзани вести