За следниот петок е најавен нов бојкот на продавниците. Организацијата „Ало, инспекторе“, која стои зад првиот бојкот, вели – овојпат ќе биде уште посилно и погласно, пишува хрватски Дневник.
Во меѓувреме, се пресметуваат ефектите од празните продавници оваа недела, особено што во саботата потрошувачите се вратија на старите навики и трошеа само 4 отсто помалку во споредба со неделата пред тоа.
Севкупно, оваа недела трговците заработиле 44 милиони евра помалку од понеделник до сабота од претходната недела. Економистите не очекуваат чуда.
Апсолутно, ќе поддржам се. Затоа што се е прескапо, се е страшно скапо“„Ова е само поттик за државата да почне да прави нешто“, се дел од пораките на граѓаните.