
Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечља, денеска изјави дека Косово во последните 12 часа се соочило со 41 пожар, од кои пет сè уште се активни.
Тој на Фејсбук напиша дека при посетата на Агенцијата за управување со вонредни состојби бил информиран за состојбата со шумските пожари на Косово.
Наведе дека во оперативниот центар на таа агенција „одблиску ја виделе координацијата на операциите во управувањето со пожарите“.
– Како Министерство за внатрешни работи континуирано го поддржувавме зајакнувањето на капацитетите на Агенцијата, со обезбедување специјализирани возила, оперативна опрема, униформи и вработување дополнителен персонал кој помага во ефикасното управување со вонредни состојби, наведе Свечља.
Тој најави продолжување на поддршката, „во тесна соработка со Агенцијата и сите општини“, за секоја страна, во согласност со надлежностите, да придонесе за подобро справување со ситуациите на терен од страна на противпожарните тимови.
Свечља повторно ги повика граѓаните да бидат дополнително внимателни и да соработуваат со безбедносните институции – „како преку итно пријавување, така и преку давање на потребните информации – за намерно предизвиканите пожари не само да се идентификуваат, туку и извршителите да се казнат