Skip to main content

Генералниот секретар на Муслиманската светска лига, Ал-Иса во посета на Тирана

Фото: Бегај Фејсбук

Генералниот секретар на Светската муслиманска лига, Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса, кој е во посета на Тирана, попладнево се сретна со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

Според соопштението од претседателскиот кабинет, на средбата високо била оценета досегашната соработка и помошта што Светска муслиманска лига и ја дава на Албанија.

– Претседателот го истакна продлабочувањето на соработката на сите полиња, обезбедувајќи систематска институционална интеракција меѓу Албанија и Муслиманската светска лига, се наведува во соопштението.

Бегај му честита на д-р Ал-Иса за „лидерството во Муслиманската светската лига, охрабрувањето на мирот и соживотот, обезбедувањето хуманитарна помош, промовирањето на дијалогот со сите култури и борбата против екстремизмот преку пораката за умереност и правда“.

Ал-Иса присуствуваше на утринската и бајрамската молитва, што традиционално се одржува на плоштадот „Скендербег“ во Тирана а на која присуствувале илјадници верници.

Поврзани вести