
Денеска е примена дојава за поставена бомба на аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Веднаш по пријавата, активиран е стандардниот оперативен план за вакви ситуации. Иако не е спроведена евакуација на патниците, аеродромот во моментов функционира под засилени мерки за безбедност.
Закани во повеќе градови низ земјата Министерството за внатрешни работи на Бугарија соопшти дека ова не е изолиран инцидент, објави 4news.mk Упатени се серија заканувачки електронски пораки за поставени експлозивн8и направи во различни државни институции во повеќе градови низ земјата.
Евакуација во Годеч: Според информациите на NOVA, во училиште во градот Годеч била извршена кратка евакуација на учениците и наставниот кадар.
Нормализирање на состојбата: По извршените проверки, наставниот процес во Годеч е веќе обновен.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за откривање на изворите на заканите. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.

Македонски


