
Кога пратеничката Јелена Милошевиќ од Странката на слободата и правдата (ССП) побарала од претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, да ја заштити опозицијата од недолично однесување на радикалите, споменувајќи дека тие во минатото дури и ги полевале со вода пратениците, Брнабиќ се насмеала и побарала од опозицијата во иднина слободно да ја полева со вода, објави „Данас“.
„Никој ме нема полевано со вода, полесно ќе ми беше, отколку да ме гаѓате со бомба, да ме прскате со противпожарни апарати, со солзавци и со секакви други работи, со јајца. Слободно, следниот пат полевајте ме со вода, луѓе. На крајот на краиштата, тоа е помалку опасно и не смрди. Тие јајца не ги исправ до ден-денес, сè уште ги чувствувам. Така што, ве молам, следниот пат кога не ви се допаѓам, полевајте ме со вода, само не со бомби, солзавци, јајца, со конзерви. Важи? Супер, договорени сме и за тоа. Не можете да ветите? Добро. Јас сум целосно подготвена, имам шлем, имам сè“, изјавила Брнабиќ, која е и членка на најтесното раководство на СНС, партијата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Во Собранието денеска се расправа за кандидатите за Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми.

Македонски









