Skip to main content

Брат случајно ја застрелал 19 годишната сестра

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува „Блиц“.

Како што неофицијално објавува медиумот, Д.А. наводно ѝ го покажувал пиштолот на својата помлада сестра кога оружјето испукало, а куршумот ја погодил девојката во стомакот. Ранетото девојче е итно префрлено во Општата болница Нови Пазар , каде што ѝ била пружена лекарска помош.

Нејзината состојба сè уште не е официјално објавена.

Полицијата брзо реагирала и го уапсила Д.А. на лице место, додека пиштол за кој се сомнева дека е употребен во овој инцидент е пронајден на брегот на реката Рашка, во непосредна близина. На теренот имало силни полициски сили кои го обезбедуваат подрачјето.

Според неофицијални информации, момчето случајно ја застрелало својата сестра.

Истрагата сè уште е во тек.

Поврзани вести