Skip to main content

Во Прилеп отворена ретроспективната изложба на слики од Ита ТС Арт

Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

Ретроспективна изложба на слики од Ита ТС Арт синоќа беше отворена во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“. Уметницата се претставува со дела работени во различни периоди со кои одбележува 35 години творештво.

фото: Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп

На публиката во мојот роден град и го пренесов творештвото од различни периоди. Делата се работени во акрил на платно и на картон, а мотивите се најралични. Многу сум среќна што одбележувам јубилеј во овие моменти, тука додека престојувам – вели уметницата.
Ита ТС Арт живее и твори во САД. Досега има реализирано изложби во Македонија, во САД и низ Европа.

Поврзани вести