Skip to main content

Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок

МИА

Локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер за утре попладне прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Како што соопшти, наместа процесите ќе бидат поинтензивни.

Потоа, во следните два дена (среда и четврток), ќе преовладува сончево и многу топло време и максимална температура до 39 степени, со мала до умерена локална облачност.

Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо и ветровито со услови за локален дожд. Во деновите од викендот ќе биде стабилно со пораст на дневната температура, информира УХМР.