Skip to main content

Невреме во Србија, патиштата под снежна покривка

Силно снежно невреме во моментов ги зафати планинските подрачја во западна и југозападна Србија. Снежната граница драстично се спушти на 900 метри надморска височина, а поради интензивните врнежи кои траат во поголемиот дел од денот, многу патни правци се веќе под снежна покривка.

Надлежните служби во Србија потсетуваат дека употребата на зимска опрема е задолжителна за сите возила кои се движат низ овие предели.

Снегот ќе продолжи да врне во текот на целата вечер и ноќ, а на одредени места се очекува висината на снежната покривка да надмине 20 сантиметри“, предупредуваат метеоролозите.

Поврзани вести