
Вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер вечер во Скопје ќе го играат решавачкиот натпреварот за шампионскиот трофеј во ракометната Суперлига на Македонија.
Билетите за овој натпревар кој ќе се игра во Спортски центар „Јане Сандански“ од пред неколку дена се распродадени.
Во пресрет на последното, 10. коло од плејофот, Вардар и Еурофарм Пелистер се на првите две позиции на табелата со по 19 бода.
Почетокот на натпреварот е закажан за 19:30 часот.