Skip to main content

Ристовски пред ракометното ЕП: Резултати не можам јас како министер да барам, можам само да посакувам

Први на меѓународната сцена во новата година ќе се појават македонските ракометари. Тие на Европското првенство ќе играат во група со домаќинот Данска, Португалија и Романија. Со оглед на вашето спортско минато како професионален ракометар, која е пораката што ќе им ја пратите на нашите репрезентативци и кои се вашите очекувања?

-Веќе во јануари ќе има натпревари кои што сум сигурен дека ќе ја обединат нашата нација во поддршката за нив. Резултати не можам јас како министер да барам, можам само да посакувам. Тие мои желби ќе ги задржам за себе. Она што е важно е што можам да порачам на сите, не само на ракометарите што настапуваат, а тоа е секој да даде 100 проценти од себе. Тоа е многу поважно од тоа дали ќе направите резултати или не. Важно е секој ден, на секој тренинг, на секој натпревар да се даде 100 проценти. Резултатите некогаш ќе бидат подобри, некогаш полоши, меѓутоа македонскиот народ, гледачите, навивачите – сите ние – ќе го видиме тоа вложување од и мислам дека тоа е поентата на спортот. Генерално, секогаш да дадете сè од себе и да се обидете да бидете подобри од вчера. Доколку тоа го направите, секогаш ќе ја имате нашата поддршка – и од народот и од навивачите, одговори министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за МИА.

Поврзани вести