Skip to main content

РФМ: Публиката гласаше за најдобрите, Митревски, Кузмановски и Јанкуловска со награди

Ракометната федерација на Македонија на свеченоста во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона, на кое му претстоеше гласање на навивачите на официјалната Фејсбук страница на РФМ.

Признанието за најдобра ракометарка и за најдобар ракометар ги однесоа: Филип Кузмановски од Е. Пелистер и Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров. Од битолчаните покрај Кузмановски со награди се закитија и младата Марија Јанкуловска а според публиката беше голманот на Македонската ракометна селекција Никола Митревски.

За најдобар тренер во машка конкуренција е избран селекторот Кирил Лазаров, а во женска признанието му беше врачено на шефот на стручниот штаб на шампионот ЖРК Ѓорче Петров, Симе Симовски.

Постхумно за особен придонес му беше доделена награда на поранешниот селектор Илија Темелковски.

„Ракометари на годината 2025“ – лауреати:

најдобар ракометар – Филип Кузмановски

најдобра ракометарка – Катерина Дамјаноска

најдобар тренер мажи – Кирил Лазаров

најдобар тренер жени – Симе Симовски

најдобра млада ракометарка – Марија Јанкуловска

најдобар млад ракометар – Димитар Узунчев

најдобра ракометарка во Македонија од странство – Ана Вранчиќ

најдобар ракометар во Македонија од странство – Дмитро Хорига

најдобар судиски пар – Славе Николов и Ѓорѓи Начевски

најдобар стрелец мажи – Давид Димевски

најдобар стрелец жени – Марија Анчева

најдобра ракометарка (социјални мрежи) – Теодора Гулицоска

најдобар ракометар (социјални мрежи) – Никола Митревски

награда за особен придонес (постхумно) – Илија Темелковски.

Свеченоста дојде одма по двомечот против Јапонија која Македонската ракометна селекција запиша победа и пораз на двочемот против Јапонија во Скопје и Куманово.