Skip to main content

Ракометната репрезентација со чартер-лет заминаа на баражот против Словачка

Ракометната федерација на Македонија соопшти дека македонската машка сениорска репрезентација денеска заминува за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж-натпревар против словачката селекција за пласман на Светското првенство 2027.

Заедно со репрезентацијата кон Словачка патува и делегација на РФМ предводена од претседателот Александар Стефанов, со цел да му даде поддршка на националниот тим пред важниот натпревар.

Од Федерацијата информираа дека за патувањето е обезбеден чартер-лет, со што на репрезентативците им се овозможени максимални услови и целосен фокус во пресрет на дуелот со Словачка.

Поврзани вести