Skip to main content

Ракометарите задоволни од пласманот на СП

Maкедонските ракометари се задоволни од пласманот на Светкото првенство на кое најверојатно ќе бидат 15-ти. Сите до еден подвлекуваат дека можело и повеќе но дека постојат многу фактори што не се пласирани погоре на вкупниот пласман. Доколку судиите дозволеа, особено против Холандија сигурно ќе имавме некој бод повеќе.

Овој натпревар беше за уживање со претендент да го освои ова натпреварување. Франција е велесила, се спротиставивме со сите можни сили и мислам дека оставивме добар впечаток и ќе ни биде тоа мотив за во иднина, изјави Жарко Пешевски по синоќешниот меч на ракометната репрезентација на Македонија, кој беше и последен на Светското првенство. 

Според него, овој турнир е еден од подобрите во однос на физички план за македонската репрезентација.

Покажавме дека во Македонија има снага, сила, мотивација за во иднина, со која ќе ги радуваме Македонците, додаде Пешевски.

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Филип Кузмановски, по поразот од Франција синоќа (32-25) изјави дека ќе треба да помине малку време за да разберат колку е пропуштено како репрезентација и колку шанси имаа „црвено-жолтите“ за пласман во четвртфинале.

Горд сум на овие момци, од еден до последен се бореа до последна минута. Покажавме карактер, покажавме како треба да се игра за Македонија. Има многу простор за напредување. Покажавме како треба да се бориме. Добро работиме и веруваме во тој систем што ни го покажа Лазаров. Кире многу ни има овозможено во однос на тоа како да се справиме на натпреварите и како да го анализираме противникот, истакна Кузмановски.

За мечот со Франција, смета дека во тимот имало и малку умор и тешко е да се игра против нив.

Тоа е тим со големи ѕвезди, но собравме сила и одигравме до крај. Среќен сум и одиме напред, порача капитенот на Македонија.

Поврзани вести