Skip to main content

Македонските кадети се пласираа на ЕП во ракомет

  •  Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026.
  • За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25.
  • Избраниците на селекторот Горан Кузмановски ја исполнија целта и со вториот триумф во квалификациите обезбедија настап на завршниот турнир што идната година ќе се одржи во Србија.
  • Поповски со шест и Ѓеорѓиески со пет голови беа најефикасни во македонските редови во триумфот над Луксембург.
  • Претходно, македонската репрезентација во воведното коло ја совлада Финска со 36-29, а во второто коло испушти водството во финишот од четири голови и загуби од Грција со 32-31.ег

Поврзани вести