Skip to main content

Кузмановски прогласен за МВП на натпреварот против Гвинеја

Фото: Фејсбук / Ракометна Федерација на Македонија - официјална страница

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски е прогласен за играч на натпреварот против Гвинеја.

Македонија славеше со 29:20. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025.

Најефикасни во победничкиот тим беа Филип Кузмановски со 12 голови, Ненад Костески даде три, Игор Ѓргиев и Павле Атансијевиќ погодија по три пати.

„Црвено-жолтите“ со три освоени бода ќе бидат втори или трети на табелата.

Во Главната рунда Македонија ќе игра против репрезентациите на Франција, Австрија и Катар.

Според распоредот, следниот натпревар Македонците ќе го играат на 21 јануари исто така во Вараждин, против Австрија или Катар во зависност од резултатот на вечерашниот натпревар меѓу Унгарија и Холандија.

Поврзани вести