
Ракометарите на Вардар 1961 дојдоа на чекор со освојување на шампионската титула, откако синоќа пред своите гледачи го совладаа Алкалоид со 30 – 27 во дерби натпреварот од 6 коло од плејофот во Супер лигата.
Вардар од самиот почеток наметна силна темпо и по воведното водство од 6-4 замина на полувреме со предност од 17-14.

Избраниците на Иван Чупиќ продолжија во ист ритам во второто полувреме и во 40 минута поведоа со 24-19.
Алкалоид се обидуваше да се врати резултатски во игра, но во играта на Вардар немаше осцилации и „црвено – црните“ ја зачуваа предноста до самиот крај.

Јака Малус со осум голови беше најефикасен во редовите на Вардар, а голманот Валах запиша 14 интервенции на голот.

Вардар со оваа победа на најдобар можен начин го прослави својот 65 роденден и дојде на бод до освојување на шампионската титула.



Македонски



