Skip to main content

Цехте: Заедно со нашите навивачи да прославиме победа и нивниот роденден

Фото: Фејсбук РК Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва го игра дуелот од третото коло од Лигата на шампионите, а втор на домашен терен во Битола. По стартниот триумф над Загреб дома, битолчани загубија на гостувањето кај ПСЖ.

ГОГ Гудме има многу млад тим. Секоја година тие или ги продаваат или ги менуваат постарите играчи. Доаѓаат играчи од нивната академија и сите играат ист ракомет. Брзо играат, но мислам дека тоа вечерва нема да им биде доволно. Нашата одбрана се надевам дека ќе ги спречи нивни лесни голови, да не дозволиме полуконтри и контри. Сакам да ги повикам навивачите, заедно да го прославиме нивниот роденден и со победа да го потврдиме напредокот, изјави играчот на Еурофарм Пелистер Нејц Цехте.

За вечерашниот дуел што почнува во 20:45 часот и се игра во салата „Боро Чурлевски“ тренерот на македонскиот првак Рубен Гарабаја се реши да настапат следниве играчи: Митревски, Хеидарипад (голмани), Манасков, Цехте, Хакбарт, Тајник, Ибрахим, Хенигман, Радовојевиќ, Кузмановски, Кајлајџиески, Петар Атанасијевиќ, Пешевски, Хосни, Хоџиќ и Павле Атанасијевиќ.

Поврзани вести