Уште еден луд натпревар на Мундијалот во ракомет кој заврши со нерешен резултат. Австрија и Холандија одиграа 37-37, а тој резултат остави трошка надеж за Македонија дека во луд расплет може да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Хрватска.
Да победеше Холандија, избраниците на Кирил Лазаров ќе немаа шанси за пласман бидејќи не победија во директен натпревар. Вака македонските репрезентативци треба да чекаат Унгарија да киксне против Катар на Веселин Вујовиќ, па наша победа против растеретената Франција, која веќе обезбеди четвртфинале. Тешко, но не и невозможно. Така барем се покажа овој Мундијал.
Македонија игра против „триколорите“ од 20:30 часот во Арената во Вараждин.