
Редовното Годишно Собрание Ракометната Федерација на Македонија го одржа денеска, а претседателот Александар Стефанов не го криеше задоволството што ракометот останува спорт број 1. Тој во своето обраќање го презентираше тоа што федерацијата го работеше во изминативе 12 месеци, на резултатски, но и на организациски план со акцент на вклучувањето на ракометните легенди Индира Кастратовиќ и Филип Миркуловски како координатори на националните селекции.
На Собранието присуствуваше и поранешниот репрезентативен голман сега министер за спорт, Борко Ристовски, кој истакна дека Министерството за Спорт ќе издвои дополнителни 86 милиони денари помош за клубовите од колективните спортови, од кои околу 30 милиони денари ќе бидат наменети за ракометните колективи.
Федерацијата за новата сезона ќе обезбеди спортска опрема (дресови и тренерки) за клубовите од Прва машка и прва женска лига. Претседателот Стефанов предложи и награди од по 30.000 денари за ракометните судии Марија Илиева, Силвана Карбеска, Славе Николов, Ѓорѓи Начевски, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, кои македонскиот ракомет го претставуваат на европско и светско ниво.
На Собранието од 47 делегати со право на глас присутни беа 45.

Македонски



