Skip to main content

Синер се откажа од Мастерсот во Шангај, отворен патот за Ноле

Facebook / Wimbledon

Италијанецот Јаник Синер го предаде мечот од третата рунда од Мастерсот 1000 во Шангај. Тој кон средина на третиот решавачки сет по петтиот гем му ја честиташе победата на Талон Грикспор од Холандија. Синер имаше проблеми со коленото во текот на мечот, но вистинската причина беа грчевите.

Првите проблеми се појавија во завршницата на вториот сет, кој му припадна на холандскиот тенисер. Ниту помошта од физиотерапевтот не му помогна на Синер бидејќи проблемите продолжија.

Условите за игра во Шангај се тешки пред сè поради големата влажност на воздухот од 85 до 90 отсто.

Поврзани вести