
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски стигна до нова турнирска победа. Тој изминатава недела ја заврши со триумф во конкуренција на двојки на турнирот „Ексалко куп“ во Лариса каде заедно со Италијанецот Паоло Карочо завршија како победници. Турнирот беше од ранг категорија 3. Алексовски претходната недела оствари и сингл триумф на турнир во Солун.
На турнирот во Лариса, Македонија секако ќе имаше победник бидејќи во финалето ривали на Алексовски и Карочо им беа Македонецот Александар Грујиќ и Оливер Крупа, а заврши со победа од 2:0 во сетови (64 и 63) за Алексовски и Карочо.
Во поединечна конкуренција најдобар пласман од македонските тенисери имаше Грујиќ, кој стигна до четвртфиналето, додека Алексовски и Андреј Стојановски беа елиминирани во третото коло.
На турнирот настапи и Јована Вељановска во женска конкуренција.

Македонски

