
Македонската машка репрезентација го комплетираше успешниот ден на Светското училишно првенство во ракомет, обезбедувајќи пласман во полуфиналето со убедлив триумф попладнево над Саудиска Арабија со 23-11, откако претходно пласман меѓу четирите најдобри селекции обезбеди и женската кадетска репрезентација.
Во завршниот натпревар од групната фаза избраниците на селекторот Горан Кузманоски доминираа во натпреварот против Саудиска Арабија и по водството на полувреме од 10-6 во продолжението извојуваа убедлива победа.
Македонските ракометари го завршија настапот во групата А како првопласирани по победите над Бугарија, Република Српска и Грузија, и во полуфиналето за противник ќе ја имаат селекцијата ма Србија.
Натпреварот е закажан за в понеделник во салата „Македонско Сонце“.
Претходно денеска пласман во полуфиналето на Светското училишно првенство обезбедија и македонските ракометарки со триумфот над Бразил од 19-18

Македонски



