Skip to main content

Oфицијално: Жељко Обрадовиќ се врати во Панатанаикос

 Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос објави на социјалните мрежи дека српскиот тренер Жељко Обрадовиќ се врати во грчкиот клуб. На тој начин најтрофејниот европски тренер по вторпат ќе биде тренер на Панатинаикос.

По дадената оставка во Партизан, постојано Обрадовиќ беше поврзуван со враќање во Атина, каде после 14 години повторно ќе биде тренер. Тој за тригодишниот договор ќе добие 11 милиони евра според грчките медиуми.

Во својот прв мандат во Атина, Обрадовиќ беше од 1999 до 2012 година и во пет наврати ја освои титулата во Евролигата, а дури 11 пати беше првак на Грција, со седум освоени Куп пехари.

Обрадовиќ го наследува Ергин Атаман на клупата на Панатинаикос, а за очекување и неколку клучни играчи во зелени дресови да заминат од клубот.

Поврзани вести