
Српскиот кошаркарски тренер Жељко Обрадовиќ е пред враќање во грчкиот тим Панатинаикос, каде имаше успешна работа во минатото. Според информациите од Атина, Обрадовиќ денеска е во Атина на разговори со сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос.
Доколку се случи Обрадовиќ да постигне договор со Панатинаикос тоа ќе значи враќање по 14 години на местото каде имаше одлични резултати.
Обрадовиќ на клупата на Панатинаикос беше од 1999 до 2012 година кога во пет наврати ја освои титулата во Евролигата (2000, 2002, 2007, 2009 и 2011). Сезонава Обрадовиќ беше на клупата на Партизан, кога поради серијата слаби резултати поднесе оставка

Македонски



