
Турскиот тренер Ергин Атаман и грчкиот кошаркарски клуб Панатинаикос за разделија, објави клубот од Атина. Како што пренесуваат медиумите во Грција состанокот меѓу тренерот и сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос е завршен со договор за спогодбен прекин на соработката.
Атаман, кој воедно е и селектор на Турција дојде во популарниот ПАО во летото 2023 година во рамки на еден амбициозен проект, но резултатите стигнаа пребрзо. Очекувано беше да дојде до прекин на соработката откако Атаман не успеа да освои еден од посакуваните трофеи – Евролигата или титулата во Грција, а разочарувањето беше големо откако екипата сезонава остана и без пласман на Ф4 турнирот што се играше во Атина (во салата на Панатинаикос).
За периодот од три години на клупата на „зелените“ Атаман во 2024 година ја освои Евролигата, во 2025 година играше на Ф4, а освои титула во првенството на Грција и два Купа.
Според медиумите во Грција Атаман и сопственикот Јанакопулос одлуката ја донеле во пријателска атмосфера

Македонски



