Skip to main content

Ќе има седми натпревар: Хјустон го победи Голден Стејт и израмни во плејофот во НБА

 Во шестиот натпревар од првото коло од плејофот во Западната конференција на НБА, Хјустон го победи Голден Стејт вориорс на гостински терен со резултат 115:107.

Најефикасни кошаркари на теренот беа бекот на Рокетс, Фред Ван Влит, и ѕвездата на Вориорс, Стивен Кари, кои постигнаа по 29 поени.

Резултатот во серијата сега е 3:3. 

Решавачкиот седми натпревар ќе се одржи на 5 мај. 

Поврзани вести