Skip to main content

Дончиќ руши рекорди на Лејкерси

 Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, постави клупски рекорд за постигнување поени во една четвртина.

Во првиот период ноќеска на натпреварот со Лос Анџелес клиперс, Лука Дончиќ постигна 24 поени, поставувајќи нов франшизен.

Претходниот рекорд изнесуваше 23 поени, сопственост на Кајл Кузма.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќта вторник кон среда:

Вашингтон – Атланта 132:113
Филаделфија – Орландо 103:144
Лос Анџелес лејкерс – Лос Анџелес клиперс 135:118.

Лидер во Западната конференција е Оклахома со 17-1 (победи-порази), на Исток прв е Детроит со ефект 15-2

Поврзани вести