Skip to main content

Детроит се избори за седми натпревар, Сан Антонио се пласира во финалето на Западот во НБА лигата

Facebook / Detroit Pistons

Кошаркарите на Детроит Пистонс се изборија за нседми натпревар во полуфиналето на Источната конференција во НБА лигата, откако во натпреварот број 6 како гости го совладаа Кливленд со 115:94 и изедначија на 3:3 во победи

Детроит беше уште еднаш на прагот на елиминација, но повторно избори мајсторка на домашен терен. Во текот на првиот Детроит водеше благодарение на серијата од 13:0, иако Кливленд на полувреме намали на само три негатива. Во последниот период Детроит поведе со 14 разлика и без проблем стигна до победа.

Кејд Канингам кај Детроит постигна 21 поен, додека кај Кливленд најпрецизен беше Џејмс Харден со 23.

Во Западната конференцијата Сан Антонио избори финале на Запад откако ја совлада Минесота со 139:109.

Сан Антонио со гостинската победа дојде до решавчак предност од 4:2 во победи. Најдобар поединец на дуелот беше Стефон Касл со 32 поена и 11 скокови. Сан Антонио во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот и забележа убедлива победа.

Во финалето на Запад Сан Антонио ќе игра против шампионот Оклахома Сити, а финалната серија почнува во понеделник кон вторник навечер. 

Поврзани вести