Skip to main content
3MXyp49jr6A

Знате што е „скорпија“ гол?

Фудбалерот на Тотенхем, Доминик Соланке со два постигнати гола вчеравечер го спаси својот тим од пораз на средбата со Манчестер сити. Вториот гол на Соланке постигнат со „скорпија“ во Премиер лигата го сметаат за еден од најубавите во историјата.

По еден центаршутот од крилната позиција, Соланке направи брилијантна импровизација и со еден замав со петицата, ја упати топката во голот на Џанлуиџи Донарума.

Самиот фудбалер призна дека бил принуден да „направи нешто од ништо“ и сега „ќе го гледа тој момент одново и одново“. 

– Се обидов да се фокусирам на натпреварот, но можев да го слушнам навивањето на публиката секој пат кога ќе се прикажеше снимката па конечно го погледнав голот неколку пати, изјави 28-годишниот фудбалер.

Погодокот на Соланке потсетува на познатиот гол „скорпија“ на Оливие Жиру, кој го постигна за Арсенал во Премиер лигата на 1 јануари 2017 година. Потоа Жиру ја освои наградата на ФИФА „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол во сезоната.

Тотенхем има 29 бода од 24 натпревари и е на 14. место на табелата во англиската Премиер лига. 

Поврзани вести