Skip to main content

Вардар денеска игра во Сан Марино

Фудбалерите на Вардар го имаа последниот тренинг пред денешниот реванш дуел со Ла Фиорита. „Црвено – црните“ имаат предност од 3:0 од првиот дуел и секако важат за фаворити за пласман во второт коло од квалификациите од Конференциската Лига.

– По завршувањето на првиот натпревар им кажав на играчите дека нема опуштање. Дојдени сме тука за да поминеме понатаму. Предноста од 3:0 не смее да не залажува. Имаме проблеми, Најдовски, Фаустин, Талевски се повредени. Некои играчи првпат играат вакви мечеви. Нема да потцениме никого, напротив очекувам да го засилиме темпото и да одиграме уште подобро, изјави Седлоски. 

Натпреварот Ла Фиорита – Вардар се игра со почеток во 21 часот.

Поврзани вести