Skip to main content

Трогателна приказна од Кавадарци: На Иле фудбалот му е се, но со братчето и бабата живеат во мрак!

Трогателна, а истовремено и инспиративна приказна деновиве доаѓа од Кавадарци, за тинејџерот Иле Ристевски, кој и покрај тешкиот живот, успеал да ја пронајде животната радост, но кому му е потребна помош од хуманите граѓани.

Имено, Иле кој е на возраст од 14 години е лице со блага попреченост, и живеел со неговото 11-годишно братче и бабата. Татко му починал, а пак мајка му се преселила од градот и оформила ново семејство.

Откако во Кавадарци започна да функционира екипата за физички активности и заедничко дружење на лица со попреченост ,,Кавадаречки срца”, Иле, кој е редовен ученик во земјоделско-шумарското училиште, бил забележан од страна на Орданче Бошковски, раководител на Центар за невладини организации. Како што за ,,Фокус” раскажува Бошковски, целта им била да ги вклучат лицата со попреченост во спортот и да придонесат за нивна инклузија во општеството. Во спортските активности биле вклучени 25 деца, и Иле бил помеѓу нив.

– Веднаш ја забележав љубовта на Иле кон фудбалот, затоа и го вклучивме во екипата. Момчето е постојано со топката, тоа е неговата најголема животна радост. Но, по одредено време забележав дека за разлика од другите деца, кај него хигиената е на ниско ниво, очигледно беше дека живее во тешки услови. Решив со моите соработници да го посетам во неговиот дом, да видиме во какви услови живее Иле.

Целиот текст на Фокус.мк