
Тотенхем попладнево загуби со 2:1 дома од Астон Вила во 8. коло од Премиер лигата.
Родриго Бентанкур го постигна единствениот гол за домаќините, додека Морган Роџерс и Емилијано Буендија постигнаа голови за гостите
Тотенхем загуби за прв пат од 30 август, кога беа поразени од Борнмут. Оттогаш, Лондончани поминаа седум натпревари без пораз во сите натпреварувања.
Астон вила го доби својот петти натпревар по ред во сите натпреварувања и се искачи на десеттото место на табелата во Премиер лигата со 12 бода. Тотенхем е шести со 14 бода.
Во следното коло, Тотенхем ќе игра на гости против Евертон, додека Астон вила ќе биде домаќин на Манчестер сити