
Германецот Тони Крос, еден од фудбалерите кој остави огромен белег во Реал Мадрид последните десет години, им упати порака на сегашните ѕвезди на „кралскиот клуб“, кои во дуелот со Леванте беа исвиркани од навивачите на стадионот Сантијаго Бернабеу.
Фудбалер, кому никогаш не му свиреле на Сантијаго Бернабеу не е голем играч. Тука секогаш играат големи фудбалски имиња. Ако пред почетокот на натпреварот те дочекаат свирежи, тоа не треба да те спречи за тоа што сите го сакаат, да победуваат, истакна Крос.
Крос потенцираше и тоа дека оваа генерација има ментална сила да се избори со притисокот. Тој не ги заборава свирежите во „белиот дрес“ по поразот од Ајакс во 2019 година кога на домашен терен загубија со 1:4.

Македонски




