Skip to main content

Силекс и Работнички сигурни во Купот на Македонија

Со шест натпревари од воведното коло денеска официјално стартуваше новата сезона во фудбалскиот Куп на Македонија.

Работнички на гостински терен извојува убедлива победа од 16-0 над Карбинци, а рутински пласман во второто коло обезбедија и фудбалерите на Македонија ЃП, триумфирајќи против Љуботен со 14-0.

Второлигашот Охрид го елиминираше прволигашот АП Брера по подобро изведување пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.

Силекс извојува победа од 7-1 против Евротип Онлајн, Брегалница ја елиминираше Победа Валандово со триумф од 6-0, додека Детонит на гостински терен го совлада Башкими 2008 со 4-1.

Мечот Беласица – Арсими ќе се одигра утре, а останатите средби се закажани за во септември.

На трети септември на програмата се мечевите Тетекс – Пелистер и Пчиња – Новаци, на деветти се среќаваат Победа Прилеп – Башкими Куманово додека следниот ден играат Кожуф – Шкупи, Скопје – Тиквеш и Јени Мале Спорт – Шкендија

Поврзани вести