Skip to main content

Роналдо се надева дека ќе стигне до 1000 голови во кариерата

Facebook Cristiano Ronaldo

 Португалскиот напаѓач на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, изјави дека само повредите можат да го спречат да достигне 1.000 гола во кариерата.

Четириесетгодишниот фудбалер моментално има 956 гола зад себе.

– Каде и да играм, на Блискиот Исток или во Европа, секогаш сакам да освојувам трофеи и да ја достигнам таа бројка што сите ја знаете. Уверен сум дека ќе го постигнам тоа ако останам без повреди, изјави Роналдо за „RMC Sport“.

Претходно, Португалецот беше прогласен за играч на годината на Блискиот Исток по трет пат по ред од страна на „Globe Soccer Awards“. Тој е исто така петкратен освојувач на Златната топка, петкратен победник на Лигата на шампионите и европски шампион.

Поврзани вести