Skip to main content

Реал Мадрид ќе биде ослабен: Васкез нема да игра против Манчестер сити

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, ќе биде надвор од терените 2-3 недели поради повреда на бутен мускул.

Клубот соопшти дека на Лукас Васкез му е дијагностицирана повреда на левиот бутен мускул поради што нема да биде вклучен во составот за натпреварот против Манчестер сити на 11 февруари.

Оваа сезона Васкез одигра 19 натпревари во Ла Лига и постигна 1 гол.

Подобриот од двомечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити ќе избори пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Поврзани вести