
Македонскиот Амбасадор во Франција, проф. д-р Игор Николов, се обрати на отворањето на Фестивалот на француски филм во Скопје, кој оваа година беше посветен на Корзика и нејзината современа кинематографија.

Настанот беше организиран во партнерство со Амбасадата на Франција во Скопје, Францускиот институт во Скопје и македонската Амбасада во Париз, со цел унапредување на културната соработка и зајакнување на врските меѓу двете пријателски земји преку уметноста и филмот.

Во своето обраќање, амбасадорот Николов ја истакна важноста на културата како мост меѓу народите и нагласи дека културната дипломатија претставува значаен инструмент за продлабочување на меѓусебното разбирање, почитување и соработка.

Тој упати благодарност до амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, за неговата континуирана поддршка на културната соработка, како и до организаторите на фестивалот, особено до Грегоар Жислер, за успешната реализација на настанот.

Амбасадорот Николов посочи дека е особено значајно што фестивалот предизвика интерес и во Корзика, каде што беше проследен од локалните медиуми, што претставува уште една потврда за значењето на културната дипломатија во поврзувањето на луѓето, заедниците и идеите.

Фестивалот на француски филм во Скопје и годинава ја потврди улогата на културата како двигател на пријателството и соработката меѓу двете земји.





Македонски



