
✈️ Од денес „Austrian Airlines“ лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на Охридскиот аеродром, објави на Фејсбук, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
🛬 На Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утрово слета првиот авион на „Austrian Airlines“, со што и официјално започна да функционира новата редовна авиолинија Виена – Охрид.
Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна воздушна поврзаност со уште една значајна европска дестинација.
Со ова, од охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 се редовни и 3 чартер линии, што претставува значително проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните и посетителите.
Македонија денеска е препознаена на мапата на бројни тур-оператори и авиокомпании. Со активните мерки за поддршка го развиваме авиосообраќајот, го зголемуваме туристичкиот потенцијал на државата и обезбедуваме поквалитетни и подостапни услуги за граѓаните, напиша Николоски.

Македонски



