Skip to main content

Летонија поради „технички причини“ ја затвори границата со Белорусија

Летонија ја затвори границата со Белорусија, изјави синоќа летонскиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава.

Тој наведе дека границата со Белорусија е затворена поради „технички причини“ и ги повика патниците да користат алтернативни патишта.

Летонија го затвори граничниот премин Силене со Белорусија во 2023 година поради бранот миграни, за која Рига тврди дека е организирана од Минск. Оттогаш функционира само граничниот премин Патерниеки.(МИА)

Поврзани вести